wordpress counter

„Би можел да изедам коњ“

„Би можел да изедам коњ“ или на исландски јазик: „Ég gæti borðað heilan hest“ е нешто навистина уникатно. Станува збор за мерач за шпагети, дело на исландскиот дизајнер Стефан Петур Солвеигарсон.

Има три мерки за шпагети. Можете да измерите количина за деца, за возрасни и за еден многу, многу гладен човек кој „би можел да изеде и коњ“. Мерачот може да се купи онлајн и чини 720 денари.

Инаку, Солвеигарсон завршил на „The Reykjavík School Of Visual Art“ во 2003 година и дипломирал на Исландската академија за уметности во 2006 година. Поседува сопствено дизајн студио, работел на бројни проекти и освоил бројни награди.

Related Posts with Thumbnails