wordpress counter

Еспресо машина која препознава отисок на прсти

Ако сте вистински љубител на кафето или познавате некој таков, тогаш овaa статија не смеете да ја прескокнете. Станува збор за машината за еспресо наречена „Fingerprint Recognizing Espresso Machine“ и која чини 3.200 долари.

Што е толку посебно кај оваа машина? Станува збор за уникатен уред, кој е способен да го скенира вашиот отисок на прстите и потоа, врз основа на тоа, да знае каков напиток треба да подготви. Машината е автоматска и може да генерира притисок од 15 бари, со што може да се приготви убаво кафе со густа пена.

Покрај уредот, добивате и интегрирана керамичка мелница за кафе, на која има дури 8 различни опции за мелење на кафето (колку крупно, односно ситно да биде сомелено кафето, во зависност каков тип на кафе сакате да направите). Интересно е дека машината има меморија да запомни повеќе од 10 различни отисоци на прсти и да приготвува кафе за повеќе од 10 различни луѓе.

Related Posts with Thumbnails