wordpress counter

Генијално: Шише за сок со вградена контрола за количина

Контрола на количеството на пијалак е одличен начин секогаш да знаете колку пијалак има останато. Оние кои не го сакаат тоа, ги имаат на располагање единечните пакувања. Но, тие, покрај тоа што се скапи, носат и дополнително загадување за животната средина.

Затоа, оваа солуција на студентката Емили Браунсон ја сметаме за генијална. Со нејзиниот изум нема дополнителни трошоци за ново пакување. Станува збор за големо пластично шише со единечна сфера на врвот со големина на чаша, односно шолја. Кога ќе го свртите шишето наопаку, сферата се полни со сок токму во количина на една чаша.

Дизајнерката на ова шише вели дека инспирација добила од друг тип на шише, при што во овој случај ја применила тактиката на притискање на долниот дел за да се наполни сферата со течност. Користела различни пластични шишиња од „Волмарт“, „Пом“ и „Акт“.

Related Posts with Thumbnails