wordpress counter

И ѓубрето веќе не мириса…

КАНТА ЗА ЃУБРЕАко во вашата кујна имате корпа за отпадоци, сместена веднаш под вашиот мијалник, а знаеме со сигурност дека имате, тогаш оваа приказна би можела да ве интересира.

Сите сме го осетиле непријатниот мирис која знае да излезе од кантата и да прошета во кујната и нашето сетило за мирис. Најверојатно и турскиот дизајнер Чем Тутунчоглу имал проблем со истиот благо кажано мирис и затоа го насочил својот креативен потенцијал во изнаоѓање решение за ова.

Канта за ѓубре со замрзнувач е апарат кој ќе го сочува пријатниот мирис во вашата кујна. Имено, во неа ѓубрето се чува на температура под нулата и е замрзнато. На тој начин, се уништува и реата што се шири од него. Работи на принцип на решетка за ладење, сместена на ѕидовите на корпата и мало електромоторче во нејзината основа. Во исто време, на самиот капак на корпата има антибактериско сино светло кое спречува создавање на бактерии во канатата.

Инаку апаратот е сè уште во фаза на изработка и наскоро се очекува да започне неговото производство.

Related Posts with Thumbnails