wordpress counter

Интелигентни кујнски уреди

Компaниите Кенмор, Самсунг и ЛГ ги претставија прототипите на новите интелигентни фрижидери и други разладни уреди. Отсега, овие уреди ќе нѐ известуваат за темературата, енергетската ефикасност, па дури и за сѐ она што во моментот го имаме во фрижидерот.

Моделот на Кенмор поседува монитор со екран на допир, кој може да се поврзе со iPhone или Андроид мобилен уред. Притоа, овозможува подесување на темературата и правење на лед со помош на овие мобилни уреди.

Фрижидерот на Самсунг содржи апликации како Epicurious и Twitter, кои им овозможуваат на корисниците симнување на рецепти, преглед на Google календар и слушање на музика.

Моделот на ЛГ има опција на испраќање на извештај за случувањата во вашиот ладилник преку мобилен телефон. Овој модел ќе ве информира ако е оставена отворена вратата на фрижидерот, ако има собрано лед или ако истекува рокот на траење на некој од продуктите.

Related Posts with Thumbnails