wordpress counter

„Joseph Joseph“ 3 во 1 ротационен нож за лупење

Овој ротационен нож за лупење е нешто навистина посебно. Со малите димензии и лесниот начин на ракување, лупењето на овошје и зеленчук станува не само лесно, туку и интересно.

Содржи три посебни ножа направени од не’рѓосувачки челик. Стандардниот нож се користи за компири или моркови, додека вториот се употребува за плодови кои се меки, како домати или киви. Третиот или „Џулиен“ ножот е погоден за лупење и сечкање на тиквици, краставици, моркови или што и да е друго.

Лесно се чисти, може да се мие во машина за миење садови, а неговата цена е околу 500 денари. На видеото подолу можете да погледнете како функционира овој 3 во 1 ротационен нож за лупење:

Related Posts with Thumbnails