wordpress counter

Кујна која сама создава енергија

Кујната е простор кој е измислен за постојани иновации. Речиси секојдневно излегуваат нови иновации кои имаат за цел да ни го олеснат секојдневието и да ни ги направат обврските што е можно поедноставни. Секако, голем дел од нив ги отсtрануваат недостатоците кои ги имаат во однос на заштита на животната средина.

Познатата холандска компанија за електронски уреди „Филипс“, креираше кујна која самата ја произведува потребната енергија за нејзиното функционирање. Енергијата ја произведува од отпадот кој се насобира при секојдневните активности во кујната.

Станува збор за „Микробио дом“, што претставува домашен екосистем кој користи „био-гас“ за да создаде енергија. Тој се создава со помош на бактерија која се наоѓа во органскиот отпад. Гасот што го создава бактеријата се собира и сoгорува со помош на „methane digester“ уредот на „Филипс“. Вреди да се спомене дека целата кујна е направена од цигли, железо, стакло и бамбус. За нејзино правилно функционирање потребен е постојан проток на вода и органски отпад.

Related Posts with Thumbnails