wordpress counter

Кујнски робот од „Горење“

Кујнскиот робот „MMC800W“ на „Горење“ е робусен и силен кујнски помошник. Неговите најдобри карактеристики се фактот што кога работи не прави многу бучава, потоа неговата голема ефикасност, големиот избор на функции и додатоци. Да не го заборавиме и неговиот елегантен изглед.

Без оглед колку многу искуство имате во кујната, од сега па натаму, со овој робот ќе бидете уште покреативни, побрзи и поефективни. Матење, гмечење, сечење, рендање, мешање и сите други слични активности можете да ги препуштите на овој уред.

Овој робот содржи и бројни додатоци. Мешалка, сад од 4.5 литри зафатнина направен од нер’ѓосувачки челик и заштитен капак, различни додатоци за мешање, матење и гмечење. За да можете да приготвите вкусни јадења, тука се и додатоците за рендање на зеленчук, потоа за пишкоти, мелење месо, приготвување на сокови од овошје и зеленчук и додаток за приготвување на тесто и тестенини.

Сите делови на роботот може да се отстранат и лесно да се измијат рачно или во машина за садови. Цената на овој кујнски сојузник е околу 15.000 денари.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Сочен домашен фишбургер

Меко печиво, сочен паниран ослич, зеленчук... уживајте во вкусот на ова практично и брзо јадење. Ви претставуваме рецепт кој може...

Close