wordpress counter

Мини машина за садови

МИНИ МАШИНА ЗА САДОВИ

Ако имате малечка кујна и мислите дека не можете да си го дозволите луксузот да сместите машина за садови во неа, размислите уште еднаш. Оваа Gota машина е толку мала што ќе ја сместите и на вашата маса за готвење. И згора на тоа, направена е да штеди електрична енергија и вода.

Дизајнирана е од Ибзен Калдас и е направена од ABS поли-карбонати. Собира 6 чаши и 6 чинии во неа или што и да е друго што ќе го собере внатре. Идеална е за сингл или нови семејства без деца. Сигурно дека одлично би се вклопила и во вашата викенд куќа во Охрид или Маврово.

Гурман™ со нетрпение очекува да ве извести кога ќе започне продажбата на овој корисен апарат.

Related Posts with Thumbnails