wordpress counter

Модерна чај култура

Пиењето чај е дел од културата на еден народ. Овој обичај денес е донесен до совршенство со оглед на бројните начини, церемонии и сите помошни предмети кои ги користиме при тоа.

Дизајнерите во „Molo“ решиле пиењето чај да го направат врвно задоволство. Затоа, дизајнирале пловечки сет за пиење чај. Со помош на овој сет чаши можете да ја одржувате температурата на чајот. Имено, основата на чашата е празна и таму може да се стави мала свеќа која ќе го чува чајот топол.

Чашите се прават рачно од страна на вистински мајстори на стаклото во Чешка. Материјалот од кој се прават е боросиликат, кој има двојна задача: да ве штити од изгореници и да чува ниска температура ако пиете леден чај. Овој мултифункционален сет е одличен и за сервирање на кафе и сангрија.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Вотка-„Ред бул“ желе

Вотка-„Ред бул“ е добро позната и популарна комбинација, особено меѓу помладите генерации. Ние ја надополнивме оваа комбинација со желе и...

Close