wordpress counter

Непотребни кујнски уреди

Веруваме дека кај повеќето од нас кујните се преполни со секакви уреди и помагала. Голем дел од нив го олеснуваат процесот на приготвување на храна, но еден дел се целосно бескорисни. Ова е еден обид да ги наброиме тие уреди. Останува на вас да го потврдите овој наш текст и евентуално да го дополните со некој уред кој го имате и вие, а не си ја врши работата како што треба.

Преса за лук
Овој мал уред, не само што нема комплетно да го смачка лукот, туку и пеколно тешко е неговото чистење. Јас лично немам желба да ја пипнам пресата откако ќе ја искористам. Наместо него, може да искористите мала даска за сечење и остар нож.

Отстранувач за семки
Сигурно секој од нас го има, а го користи еднаш годишно или и помалку. Особено затоа што вадењето семки е проблематична активност, која прави ужасен неред по кујната. И тоа нема да го смени ниту еден уред.

Блендер
Ако немате мало дете дома, тогаш овој уред ќе посакате никогаш да не сте го купиле. Има безброј делови кои треба да се извадат и измијат при секое користење, што ви го одмилува неговото користење. А и да го користите, тоа е сигурно поради едно или максимум две јадења.

Машина за тестенини
Секој што ја има пробал да ја искористи и повеќе не ја вклучил. Наместо неа, ако веќе сте се решиле да јадете тестенини, купете си од супермаркет, како и сите други.

Related Posts with Thumbnails