wordpress counter

Непотребни кујнски уреди

Веру­ваме дека кај пове­ќето од нас куј­ните се пре­по­лни со сека­кви уреди и пома­гала. Голем дел од нив го оле­сну­ваат про­це­сот на при­го­тву­вање на храна, но еден дел се цело­сно бес­ко­ри­сни. Ова е еден обид да ги набро­име тие уреди. Оста­нува на вас да го потвр­дите овој наш текст и евен­ту­а­лно да го допо­лните со некој уред кој го имате и вие, а не си ја врши рабо­тата како што треба.

Преса за лук
Овој мал уред, не само што нема комплетно да го смачка лукот, туку и пеко­лно тешко е него­вото чистење. Јас лично немам желба да ја пипнам пре­сата откако ќе ја иско­ри­стам. Наме­сто него, може да иско­ри­стите мала даска за сечење и остар нож.

Отстра­ну­вач за семки
Сигурно секој од нас го има, а го кори­сти еднаш годи­шно или и пома­лку. Осо­бено затоа што ваде­њето семки е про­бле­ма­тична актив­ност, која прави ужа­сен неред по куј­ната. И тоа нема да го смени ниту еден уред.

Блен­дер
Ако немате мало дете дома, тогаш овој уред ќе поса­кате нико­гаш да не сте го купиле. Има без­број делови кои треба да се изва­дат и изми­јат при секое кори­стење, што ви го одми­лува него­вото кори­стење. А и да го кори­стите, тоа е сигурно поради едно или мак­си­мум две јадења.

Машина за тесте­нини
Секој што ја има про­бал да ја иско­ри­сти и повеќе не ја вклу­чил. Наме­сто неа, ако веќе сте се решиле да јадете тесте­нини, купете си од супер­мар­кет, како и сите други.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Kitchenware