wordpress counter

Nutritious & delicious

NUTRITIOUS & DELICIOUS ИНТЕЛИГЕНТНИ АПАРАТИ
Производител: Tefal
www.tefal.com

Tefal ActiFry

Фритеза ActiFry
Димензии: 25.0 x 43.5 x 35.0 см
Тежина: 4.85 кг

Со фритезата ActiFry може да подготвите 1 килограм крцкав и совршено пржен помфрит, со само една лажица масло за готвење. Со постојано и нежно мешање со лопатката, овој уред овозможува рамномерно распределување на онолку масло колку што е потребно. Освен помфрит, со оваа фритеза ќе можете да подготвите и пржен и варен зеленчук, пилешко месо, печени овошја и слично.

Tefal VitaCuisine

Готвач VitaCuisine
Димензии: 35.0 x 45.5 x 26.2 см
Тежина: 4.00 кг

Ова е првиот апарат за готвење на пареа кој е способен за готвење на здрав и вкусен оброк. Функцијата Витамин + овозможува брзо подигнување на температурата во уредот и со тоа гарантира побрзо готвење, со што се зачувуваат витамините во храната. VitaCuisine задржува 30% повеќе витамини отколку останатите вакви апарати.

Оваа линија на производи помага во зачувување на квалитетот на природните продукти, ограничена употреба на масти, повторно откривање на природниот изглед и вкус на храната, како и скратување на времето потребно за подготовка на јадењата.

Related Posts with Thumbnails