wordpress counter

Паметните шпорети чекаат СМС

Минатиот месец, германскиот дневен весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ прикажа две нови, врвни достигнувања на фирмите „Miele“ и „Siemens“. Во прашање се печки со индукциска плоча. Плочата кај „Miele“ овозможува на неа да се загреваат во исто време 5 различни јадења, со три начини на загревање и има управување со сензор.

Концептот на „Siemens“ е мошне сличен. Плочата е за 4 различни садови. За да сфатите како работи овој шпорет, ќе илустирираме. На пример приготвуваме шпагети и го тргаме садот од оган за да ги исцедиме. Ако го вратиме садот на друга загревачка точка, таа самата ќе го препознае садот и ќе ја прилагоди температурата кон него и храната. Водата и кај двата шпорета врие за само 2 минути.

Важно е дека иноваторските тимови воопшто не спијат. Најновото од „Siemens“ е шпорет кој се управува со помош на мобилен телефон. Кујнскиот уред добива команда од СМС порака, односно преку апликација за паметни телефони. На пример, додека се враќате од работа, од автомобилот можете уште од половина пат да му испратите наредба на шпоретот да ја приготви пицата и да ве чека кога ќе пристигнете дома. Овој шпорет има солена цена – 12.500 евра.

Интересно е да се напомене дека германските студенти направиле шпорет кој се прилагодува на условите во вашата кујна. Работи на екран со допир. Кога на екранот ќе ги впишите сите состојки со кои располагате во моментот, шпоретот поврзан со интернет, ќе ви даде свои предлози за рецепти кои се приготвуваат токму со тие состојки.

Се прашуваме што ќе биде следно? Што би сакале вие?

Related Posts with Thumbnails