wordpress counter

Послужавник за тастатура

ПОСЛУЖАВНИК ЗА ТАСТАТУРАСовремениот начин на живеење ни остава многу малку време за сите други обврски кои не спаѓаат во работни. Тоа се случува дури и со нашите оброци. Јадеме на нога, во автомобил, трчајќи од еден состанок до друг, на поминување. Имаме сѐ повеќе оброци кои се случуваат покрај нашите компјутери и тоа најчесто врз нашите тастатури. На секој од нас ни се случила некаква незгода за време на таквите оброци, па дел од храната или пиењето завршуваат помеѓу копчињата на тастатурата.

Токму за сите нас, на кои компјутерот им е домашно милениче од кое не се одвојуваат, постои тастатурата-послужавник. Имено, над копчињата постои пластичен дел на кој има место да го ставите вашиот омилен сендвич и место за пијалакот без кој не може да помине сендвичот. И на сето тоа имате место да ги протнете вашите раце и да продолжете со типкање по тастатурата.

Инаку, производот го разви корејскиот дизајнер Duck Young Kong кој е особено познат по дизајнот за LG производите. Претпоставуваме дека овој компјутерски дел, онаков каков го знаевме до сега, ќе замине во историјата и дека ова ќе биде стандардна опрема на нашиот најдобар пријател – тастатурата.

Related Posts with Thumbnails