wordpress counter

Прибор за јадење како стимуланс на вкус

Дали е можно формата, текстурата и бојата на приборот за јадење да влијае на вкусот на храната? Дизајнерката Џинхиун Џеон вели дека може. Имено, таа создала конвексен, овален и кујнски прибор со запци, за да го стимулира сетилото за вкус.

Врската помеѓу храната и сетилата е всушност темата на незината магистерска теза на Академијата за дизајн во Ајндховен, Холандија. Проектот е инспириран од феноменот синтезија, невролошка состојба во која чувствата за вкус, боја и слух влијаат едно на друго и се потикнуваат меѓу себе. На пример, луѓето кои ја имаат оваа состојба велат дека гледаат определена боја кога ќе слушнат определен збор.

За да открие дали оваа состојба може да се искористи за да се засили вкусот, Џеон создаде прибор за јадење кој се базира на боја, вкус, температура, волумен, тежина и форма. Според неа, топли бои како портокалова и црвена би требало да го зајакнат апетитот. Останатите форми и текстури треба да го стимулираат чувството на допир во устата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како се прави домашен мајонез?

Кога се подготвува мајонезот во индустриски услови, многу лесно се контролираат киселоста, температурата и самите состојки. Сепак, кога мајонезот го...

Close