wordpress counter

Седум гревови во седум чаши

Младиот лондонски дизајнер Хамилтон, направи сет од седум бизарни вински чаши инспирирани од седум смртни гревови: сладострастие, алчност, мрзливост, гнев, завист, гордост и ненаситност.

Овие фенси чаши се спакувани во посебно дизајнирана кутија од махагон и во внатрешноста прекриени со кадифе, со цел да се комплетира целиот впечаток. Секоја чаша во себе има заробено еден грев, кој се ослободува преку ритуалот на пиење.


Според Хамилтон, со овој сет на чаши се слави страста и се поттикнува корисникот да биде грешен, но само во театрална форма.

Related Posts with Thumbnails