wordpress counter

Серијал: Без што не може да се замисли кујната (1 дел)

Кујната зазема централно место во секој дом. За да може да функционира во секое време, потребено е да биде добро опремена. Во следните неколку продолженија ќе го наведеме целиот неопходен кујнски прибор кој би требало да биде составен дел од секоја кујна.

Миксер
Секој што планира да готви нешто во својот дом, тогаш тоа е незамисливо без миксер. Уред кој ќе ги поврзе сите состојки во хомогена смеса, од која потоа ќе настане некој специјалитет.

Кутија за чај, кафе и шеќер
Чајот и кафето се два пијалаци кои најчесто се пијат. Секако, заблажени со мало количество шеќер. Кутија во која ќе бидат сместени овие продукти е нешто што мора да се има.

Тајмер
Иако современите модели на шпорети веќе имаат вградено тајмери, може да се случи да не работи или да имате постар модел. Доколку приготвувате месо или колач, секако дека ќе ви биде потребен.

Сад за сушење на кујнски прибор
Ако немате машина за перење садови, тогаш овој сад ви е многу потребен. Не мора да биде многу голем, но доволно голем да може да се суши приборот.

Блендер
Често пати се случува повеќето состојки да треба да се исечат и добро да се измешаат. Поради тоа, блендерот е незаменлив кујнски прибор. Има огромен број на модели и секој може да најде токму онаков каков што му треба.

Related Posts with Thumbnails