wordpress counter

Серијал: Без што не може да се замисли кујната (3 дел)

Продолжуваме со списокот на неопходните производи и предмети без кој ниту една кујна нема да функционира како што сте замислиле. Можеби некои од нив веќе ги поседувате, но сепак проверете во каква состојба се.

Ладилник за вино
Со оглед дека е само 15 см широк, тој не зафаќа многу простор. Собира и до седум шишиња вино, што сметаме дека е доволна количина дури и ако имате поголемо друштво на гости.

Стаклени тегли за чување продукти
Денес постојат безброј различни стаклени тегли во кои можете да чувате зачини, тестенини, јаткасти плодови и ред други продукти. Ги има во најразличен облик и големина и веруваме дека ќе уживате кога ќе ги купувате.

Сад за пржење
Овој сад или тава мора да биде од таков материјал што нема да дозволува лепење на храната додека ја приготвувате. На пример, ова би било одлично за палачинки или при пржење на зеленчук или јајца.

Спатула со продолжеток во форма на лажица
Кога ќе стигнете до крајот на некоја тегла мајонез или мед на пример, вашите прсти ќе ви бидат благодарни доколку го поседувате овој предмет. Ќе можете лесно и без проблеми да го соберете преостанатото количество.

Машина за еспресо
Веројатно ретко кој на светот не пие кафе. Барем една шолја дневно. Доколку немате време секогаш да седнете на кафе или да го купите од некое „coffee to go“ како Caramelo™, тогаш оваа машина ви е неопходна. А, зошто и да не ги научите тајните на приготвувањето на добро кафе?

Ракавица
Веројатно ви се случило да се изгорите кога вадите некој сад од рерната. Затоа, ракавицата е еден од најважните кујнски предмети. Ако уште одозгора е гумена, тогаш заборавете на горењето.

Related Posts with Thumbnails