wordpress counter

Серијал: Кујнски прибор каков што не сте виделе (2 дел)

Во првиот дел го претставивме ремек делото на дизајнерот Лукас Пит од Канада. Продолжуваме со одличниот кујнски прибор кој го создаде Макото Јамагучи.

Дизајнер: Макото Јамагучи
Земја: Јапонија


Овој прибор за јадење е навистина посебен. Јамагучи дизајнирал вилушка, нож и лажица кои како украсна лента или врвка би требало да поминуваат низ нашите прсти. Направени се од нер’ѓосувачки челик. Цената се движи околу 700 денари за парче.

Инаку, Јамагучи е роден во Чиба, Јапонија во 1972 година. Завршил архитектура во Токио и веднаш потоа го отворил своето дизајн студио. Има освоено повеќе награди, како што се победник на „Good Design Award“ во организација на организацијата за промоција на јапонскиот индустриски дизајн во 2010 година и победник на „International Architectural Awards“ во 2008 година.

Не знаеме колку е едноставно да се јаде со овој прибор, но знаеме дека можеме да гледаме во него без престан и постојано да се воодушевуваме.

Related Posts with Thumbnails