wordpress counter

Серијал: Кујнски прибор каков што не сте виделе (4 дел)

Во четвртиот дел на овој серијал, по втор пат претставуваме јапонски дизајн. Првиот пат тоа беше делото на Макото Јамагучи, а сега ја претставуваме колекцијата на семејната фирма „Јамазаки“.

Дизајн: компанија „Јамазаки“
Земја: Јапонија
Колекција: Gone Fishin cuttlery


Секое парче од оваа колекција е изработено од не р’ѓосувачки челик. Како што кажува и името на самата колекција, приборот за јадење има форма на риба и тоа од глава до опашка. Секој дел од приборот има очи и перки, а лажиците дури формираат и уста од риба.

Овој прибор буквално ќе го направи оброкот повкусен и поинтересен за јадење. Со овој прибор може слободно да ја уловите вашата омилена храна. Неслучајно оваа колекција доби и посебно место во музејот на Јамазуки.

Инаку, Јамазуки е семејна компанија која работи речиси 100 години. Произведува квалитетни и префинети колекции на кујнски и прибор за јадење и пиење. Јамазуки е првата компанија надвор од Шведска која ја имала таа чест да произведе прибор кој се користи на свеченоста при доделувањето на Нобеловата награда.

Related Posts with Thumbnails