wordpress counter

Серијал: Кунски прибор каков што не сте виделе (3 дел)

Во првиот дел го претставивме кујнскиот прибор на канаѓанецот Лукас Пит, додека во вториот дел уживавме во ремек делото на јапонецот Макото Јамагучи.

Оваа недела се запознаваме со една жена дизајнер. Станува збор за Катрин Хинтон.

Дизајнер: Катрин Хинтон
Земја: Велика Британија


Оваа серија на кујнски прибор, позната како „Exhausted Cutlery“, претставува совршен спој на естетика и практичност. Овој кујнски прибор за првпат беше презентиран на изложбата во „Royal College of Art“ во Лондон. Приборот е во нераскинливо единство и со чиниите изработени од сребро.

Интересно е дека вилушката на своите краеви има букви кои одговараат на буквите кои се втиснати на самата чинија. Целиот прибор, ја следи формата на чинијата, се потпира на неа и заедно стануваат слика на која воздивнуваме од убавина. На тој начин, постигната е комплетна интеракција помеѓу две работи кои не можат една без друга.

Инаку, Катрин Хинтон дипломирала на „Royal College of Art“ во Лондон. Досега освоила бројни награди, меѓи кои: „Theo Fennell Award“ и „Award for Silverware“ од „The Worshipful Company of Armourers and Brasiers“. За неа пишуваат сите значајни светски медиуми, а покрај кујнски прибор и прибор за јадење, дизајнира и накит.

Related Posts with Thumbnails