wordpress counter

SexEaToys ПРИБОР

SexEaToys

ПРОИЗВОДИТЕЛ: SexEaToys Gastronomy Pleasure
ГАЛЕРИЈА: www.myspace.com/sexeatoys

На сите ни се случило во одреден момент да заборавиме дека нашата уста не е само инструмент со кој ја голтаме дневната доза на храна, туку тоа е и орган кој ни ги овозможува задоволствата на уникатниот феномен наречен вкус. Поради тоа, нашата уста заслужува посебен третман, освен секојдневното (или не) четкање на забите.

Следејќи ги вредностите на традиционалните правила при јадење, дизајнерот Charlie Nghiem ја истражувал поврзаноста помеѓу храната, кујнскиот прибор и устата, што на крајот резултираше со серија на секси играчки за јадење за врвно гастрономско уживање.

Кујнскиот прибор е во средината на процесот на исхрана. Тој е тука за да го максимизира уживањето во вкусот и кулинарските акробации и згора на тоа ни го доближува доживувањето до апсолутно задоволство. Впрочем, тоа и треба да бидат храната и готвењето. За да се случи ова површината на овој кујнски прибор е дизајнирана со помош на симетрични точки кои носат еротска арома за играње и интимност со вашиот оброк (под услов да не биде грав).

Со помош на овој прибор можете целосно да заборавите на вашето однесување на масата и да и дозволите на вашата желба за лижење на чинијата или лажицата после некое чудесно јадење да ве обземе целосно.

Related Posts with Thumbnails