wordpress counter

Скара каде што ќе посакате

Со помош на „The Fold Flat Grill“ отсега скарата ќе може да ја носите и да ја приготвите каде сакате. Направена од не‘рѓосувачки челик, оваа скара има дебелина од само 2,5 см. Идеална е за пикници, плажи или дворовите во вашите домови.

Има два триаголни дела и три цевки кои на двата панела им овозможува контролирано влегување на кислород до јагленот. Правот се чисти многу лесно, а јагленот се отсранува многу брзо и без проблеми.

Косината на страничните делови на скарата овозможува индиректна топлина, за да ја финиширате подготовката на месото или зеленчукот. Или да потпечете лепчиња и компири.

Се склопува и расклопува многу лесно. Кога е склопена, личи на столче за пикник. Само, внимавајте да не ги помешате! Особено кога скарата е врела. Цената на оваа скара е 3.700 денари.

Related Posts with Thumbnails