wordpress counter

Тост арт

USB ТОСТЕР

Доколку ви е досадено од обичниот секојдневен тост, еве една идеја како да додадете малку уметност во подготовката на појадокот. Дизајнерот Сунг Бае Чанг создаде несекојдневен тостер кој вашето парче леб ќе го претвори во вистинско уметничко дело. Ова особено е добредојдено за родителите кои имаат проблеми со апетитот на нивните деца и молењето пред секој залак и тоа секое утро.

Тостерот е едноставен за користење, дури не е потребна ниту електрична енергија. Го поврзувате преку USB кабел со вашиот компјутер и апаратот веќе работи. А, сега и најинтересниот дел од целата приказна – ви се верува ли дека парчето тост ќе има изглед каков што ќе посакате? Откако ќе го поврзете со PC-то, тостерот ќе започне да симнува од интернет сѐ што сакате: временска прогноза, дата и час, вести, каталог од Манго, модели на италијански потпетици… списокот нема крај.

Откако ќе одлучите како ќе изгледа парчето тост денес, мрежата од модули за „тостирање”, која се грее со жица, се престројува и ја втиснува посакуваната апликација врз лепчето.

Иако производителите сѐ уште немаат донесено решение за сериско производство, мислам дека можеме слободно да ја најавиме новата генерација на еден од најупотребуваните домашни уреди – неговото височество тостерот.

ПРОИЗВОДИТЕЛ: Electrolux
www.electrolux.com

Related Posts with Thumbnails