wordpress counter

Тостер без отвор

Изгледот на лебот повеќе нема да претставува проблем ако сакате да направите тост. Овој уред ќе направи тост од било каков леб без оглед на неговата дебелина. Значи, отсега, ниту багет, кроасан или краишник обичен леб нема да претставува проблем ако сте решиле тостот да биде дел од вашиот оброк.

Лебот се става директно врз тостерот на добро загреана површина. Направена е од не р’ѓосувачки челик и го потпекува лебот брзо и подеднакво од сите страни.

Лесно се чисти, а кога не го користите може да го завртите на страна и да си ослободите доволно простор за други кујнски задачи.

Цена: 4.500 денари (лебот не е вклучен во цената).

Related Posts with Thumbnails