wordpress counter

Уникатен „Tassimo“ кафемат

TASSIMO КАФЕМАТ

Некаде помеѓу кафемат кој подготвува кафе капка по капка и машина за еспресо, се наоѓа кафемaтот Tassimo. Луѓето чие работно место е во канцеларија, до сега практикуваа кафемати со универзален систем на варење на кафето. Но, Tassimo користи систем со индивидуално пакување за кафе во форма на диск. Со помош на овие дискови можат да се направат најразлични кафиња: капучино, макијато, еспресо, кремасто кафе, но и топло чоколадо, па дури и чај.

Пакувањето на кафе во форма на диск се става во апаратот, кој го чита бар кодот на пакувањето и ја одредува дозата на кафе, времето на подготовка и најсоодветната температура. При ставањето на диск пакувањето, лежиштето се затвора херметички, за целосно да ја задржи аромата на кафето. На тој начин, веќе никогаш нема да ве обвинат дека не знаете да правите кафе. Тоа ќе го направи Tassimo кафематот наместо вас. Секако дека за овој комфор ќе биде потребно и добро да платите – околу 20 денари за едно кафе. Сепак и понатаму ќе ве чини помалку отколку во било кој кафе-бар.

ПРОИЗВОДИТЕЛ: BOSCH
www.tassimodirect.com
ЦЕНА: 7.500 денари

Related Posts with Thumbnails