wordpress counter

Уред за готвење ориз „Zojirushi Micom“

Уредите за готвење ориз се навистина популарни во последно време. Нешто што некогаш беше само сад кој се вклучува со кабел во струја, денес е мултифункционална машина која има контролна плоча.

Денес ќе го претставиме уредот за готвење ориз „Zojirushi Micom“. Овој уред самиот ги прилагодува температурата и времето на готвење со цел да добиете одлична порција ориз без многу мака. Поставувањата вклучуваат бел и суши ориз, микс, сладок, кафен ориз, варен ориз, брзо готвен ориз, колач од ориз и каша од ориз.

Уредот изгледа одлично и направен е од не’рѓосувачки челик и пластична корпа за варење, која се чисти мошне лесно. Надворешниот дел останува ладен и покрај готвењето.

Интересно е дека овој уред можете да го искористете и да приготвите некој мал појадок. Исто така, може да се приготват и некои помали колачи. Цената на овој супер уред е околу 9.500 денари.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пет славни личности кои уживале во алкохолот

Докажано е дека алкохолните пијалаци може да делуваат позитивно на нашето здравје. Секако, ако ги консумираме одговорно и умерено. Покрај...

Close