wordpress counter

„Verismo“ – новата машина за кафе на „Старбакс“

Американската корпорација „Старбакс“ ја пушти во продажба својата најнова машина за кафе – „Verismo“. Нејзина претходница беше „Via Ready Brew“ која започна да се продава пред 3 години. Цената на новата машина е околу 9.000 денари.

Со „Verismo“ можете да приготвувате навистина фантастично кафе во вашиот дом. Машината е така направена што пијалаците ги прави според рецептите на „Старбакс“.

Начинот на функционирање е мошне едноставен. Ставете едно пакување кафе, притиснете го копчето и препуштете му го останатото на системот. Машината самата ги прилагодува температурата и притисокот.

„Verismo“ е едноставна машина со ултра модерен дизајн која секако ќе си го најде своето место во вашите кујни.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Откачена „OMG“ диета (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме дека оваа диета се заканува да стане попопуларна од досега неприкосновената „Дукан диета“. Напоменавме...

Close