wordpress counter

10 кратки совети

10 КРАТКИ СОВЕТИ ВО ГОТВЕЊЕТО

Секој што сака и се обидува да готви, честопати се наоѓа во ситуација да му е потребна помош за да подготви или да поправи некое јадење. Овие кратки совети можат да го олеснат готвењето и да го подобрат вкусот на храната која ја приготвуваме.

Еве еден список на совети за кој се надеваме ќе ви помогне за време на вашиот престој во кујната:

1 Ако месото кое го приготвувате не омекнува, во сосот додадете малку сода бикарбона и веднаш ќе забележите голема разлика.

2 Ако не го сакате јакиот мирис на морската риба, тогаш кога ќе ја подготвувате, отстранете ја тенката кожичка од неа и рибата од внатрешната страна протријте ја со сол и оцет или сок од лимон.

3 Ако супата е премногу солена, ставете излупен жив компир и варете уште 15-тина минути.

4 Ако сте гризнале многу лута пиперка не пијте вода, затоа што на тој начин само ќе го засилите дејството на лутината. Подобро е на јазикот да ставите малку сол, која ќе ја ублажи лутината.

5 На сите јадења кои ги подготвувате од мелено месо додајте малку лимонов сок и ќе бидат многу повкусни.

6 Ако сирењето станало тврдо и суво не мора веднаш да го фрлите. Ставете го во млеко неколку часови и повторно ќе ја врати својата свежина.

7 Ако немате прашок за печиво, земете рум. 3-4 лажици рум на тестото ќе делуваат исто како прашокот.

8 Ако супата ви изгледа премасна, ставете едно парче стар леб кој ќе ја собере маснотијата. Истото можете да го изведете и со ладна супена лажица, која ако ја ставите во супата ќе ја собере околу себе маснотијата.

9 Ако сакате сувото грозје да не ви пропадне во долниот дел на колачот, туку да биде рамномерно распоредено, тогаш пред да го ставите извалкајте го во брашно.

10 Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи, а вам ви треба цврст шлаг, тогаш пред да го вклучите миксерот, ставете малку сок од лимон.

Related Posts with Thumbnails