wordpress counter

5 вкусни трикови за чување на домашниот буџет

Недостатокот на слободно време нѐ тера на неправилна и брза исхрана, која претставува удар не само на нашето здравје, туку и за домашниот буџет. Ако сакате убава вечера и притоа да заштедите, тогаш обидете се со некој од следните трикови:

Двојно задоволство
Доколку живеете во пар и се враќате по 17 часот од работа, тогаш наједноставна опција е да купите пиле. Откако ќе го зачините, печете на 200℃ околу 1 час. Она што ќе остане, може да го искористите следниот ден за подготовка на ладна салата со пилешко месо, пченка, пченка и мајонез.

Гответе за неколку дена
Постојат јадења (грав, сарма, полнети пиперки) кои може да се јадат подолго време. Подгответе три јадења за време на викендот и уживајте цела недела во готвен оборок.

Појадок за вечера
Силна протеинска вечера може да се направи и без месо. Можете да подготвите кајгана или омлет со сирење, шунка, пиперка и кромид. Важно е да уживате во јадењето.

Микс салата
Оваа салата дозволува да искористите сѐ што имате на располагање. Единствено што е битно е да направите вкусна комбинација. Наш предлог: сецкани виршли, пченка, мајонез, сенф, кисели краставички.

Тестенини во три чекори
Тестенините се нешто што може да се приготви на 1.000 начини и речиси секој ги сака. Откако ќе ги сварите, направете сос. Исечкајте лук и кромид, пропржете ги и на крај додадете сос од домати и зачини. Друг предлог за сос е туна и варена пченка.

Related Posts with Thumbnails