wordpress counter

8 кујнски тајни кои никаде нема да ги прочитате (2 дел)

Во првиот дел од статијата укажавме на 4 кујнски тајни кои ќе ви го олеснат и разубават престојот во најважниот дел од вашиот дом. Денес, ги заокружуваме тие тајни, со надеж дека ќе ви бидат од голема полза.

Не купувајте зачини во стаклено пакување или теглички
Доколку сакате зачините навистина да го направат вашето јадење повкусно, тогаш заборавете на зачините во стаклени теглички. Во такво пакување, зачините губат голем дел од мирисот и вкусот за само неколку денови. Ако уживате во бибер, цимет, кари, чили, тогаш купувајте ги во мали количини и гледајте да ги искористите што побргу.

Овошјето надвор од фрижидер
Со исклучок на бобинките, другото овошје не смее да биде во фрижидер. Фрижидерот ќе го уништи нивниот вкус и ќе ја направи нивната структура кашеста. Особено избегнувајте јаболката, портокалите, бананите и крушите да ги складирате во фрижидер. Тоа се однесува и на некои видови зеленчук, како домати и пиперки. Од друга страна, избегнувајте да ги чувате и на висока температура.

Најлошата почетничка грешка
Најлошата почетничка грешка е преварена храна. Кај многу продукти, особено оризот и зеленчукот, мошне тешко е да се процени времето потребно да се сварат. Сите мајстори ќе ви кажат дека храната се трга од оган пред да биде готова, затоа што внатрешната температура на храната ќе ја заврши работата. Што значи, подобро оставете така да се приготви јадењето, затоа што на преварената храна и нема спас.

Свеж зачин
Освен ако не станува збор за сушено оригано, тогаш сите зачини купувајте ги свежи. Коријандер, магаданос, мајчина душица, босилек и слични зачини ќе го дадат својот максимум само доколку се свежи. Ако немате хоби, еве една добра идеја – овие зачини може да ги одгледувате и во домашни услови.

Related Posts with Thumbnails