wordpress counter

Четири предлози за бајат леб

За време на празниците често се случува да купиме повеќе леб и тој да ни остане. Со оглед дека ниту една храна не треба да се фрли, ние ви даваме неколку еднсотавни предлози што да направите со вишокот леб.

Салата панзанела – рецептот за оваа прекрасна салата можете да го погледнете овде.

Брускети – од стар леб секогаш може да се приготват брускети. Ако се држите до традиционалните рецепти, тогаш исечете го лебот, налејте му маслиново масло, истријте го со лук и оригано и запечете го во рерна некои 10-тина минути. Овде можете да го погледнете нашиот предлог за брускети.

Супа од лук – секогаш може да се инспирирате од традиционалната француска кујна и кришките стар леб да ги искористите за да направите супа од лук.

Десерт – според некои извори, колачот од леб потекнува од Британија од 13-тиот век. Тоа бил селски рецепт кој се состои од стар леб, шеќер, вода и некои зачини. Денес, тоа е многу побогат десерт кој се состои од крем, млеко, слатка павлака, чоколадо, зачини и суво овошје.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Дали знаеш: Е-212?

Што е Е-212? Ознаката Е-212 се однесува на калиум бензоат, што претставува калиумова сол на бензеновата киселина. Нејзината употреба е...

Close