wordpress counter

Чист путер за готвење

Путерот, во најголем дел се состои од масти, но содржи и дел од вода и протеини. Со прочистување на путерот се отстрануваат водата и протеините и останува чистата маст која, во најголем дел, се состои од заситени масни киселини.

При готвење се преферира прочистениот путер, затоа што при загревање на обичниот путер протеините предизвикуваат негово потемнување и чадење на температура над 120℃. Со додавање на растително масло, делумно може да се одложи чадењето.

За добивање на прочистен путер, потребно е обичниот путер да се загрее на умерен оган. При тоа, ќе се одвојат три слоја: горен пенест слој од млечни протеини, среден слој на масло и водена суспензија на дното. Кога пената ќе се симне, водата ќе започне со испарување, што се слуша како мало пуцкање.

Потоа смесата оставете ја да врие, сѐ додека на дното не се појави крамелизирана млечна маст и горен бистар дел. Откако малку ќе се излади, процедете ја смесата низ цедлака во која сте ставиле газа. Пред да ја затворите, оставете малку да се згусне. Овој прочистен путер со златно-бела боја се нарекува Ghee и може да се употребува во сите рецепти кои бараат путер.

Related Posts with Thumbnails