wordpress counter

Чистење со помош на лимон

Можете да заборавите на сите оние средства за чистење кои ги имате во кујната. Причината е што веќе го имате најсилното средство за чистење – лимонот. Причината зошто овој плод има такво делување е големиот удел на киселини кои делуваат како антибактериско средство. На тој начин, лимонот може да се користи за победа против бактериите во домот.

Одвод
Изрендајте кора од лимон и исцедете сок. И двете ставете ги во одводот и потоа прелијете со врела вода. Ќе го одмасти одводот и ќе остави убав мирис.

Метал
Ако е во прашање бакар, месинг или хром, избегнувајте силни хемикалии. Со лимонот ќе се разградат сите наслаги, а доколку сакате посебен сјај, тогаш посолете половина лимон и користете го како абразивно средство.

Дезинфекција на микробранова печка
Исечете еден лимон на тенки парчиња и наредете ги во сад. Во садот ставете и врела вода и потоа ставете го на најголема температура, околу 2 минути. Испарувањето на лимонската киселина ќе ви помогне да ја дезинфицирате печката.

Миење садови
Ако сте останале без средство за миење садови, тогаш преполовите еден лимон и во внатрешноста на лимонот ставете сода бикарбона. Измијте ги садовите со помош на така приготвениот лимон (исто како со сунѓерче).

Дезинфекција на кујнската даска
Исцедете половина лимон по целата даска и оставете сокот да се випе (10-тина минути). Потоа, со лимонот истружете ја целата даска (дрвена или пластична).

Related Posts with Thumbnails