wordpress counter

Храната и нејзиниот рок на траење (1 дел)

Секоја храна и секој производ имаат свој рок на траење. После истекувањето на рокот, тие веќе не се за употреба. За жал, ние често мислиме дека нашиот фрижидер е некаква крио комора која може да ја чува храната неограничено. Со оглед дека не е така, ги наведуваме најважните производи, нивниот рок на траење и начинот на чување.

Мeсо
Рок на траење: два дена до една недела

Свежото месо како говедско, свинско и пилешко месо, нема да стои повеќе од два дена во фрижидерот. Остатоците од приготвеното месо може да се консумираат најмногу до една недела по приготвувањето.

Чаденото месо и сланината, исто така, може да се јадат во период од седум дена.

Совет: ако месото мириса лошо, тогаш не го консумирајте. Ако добива сива или кафена боја, тогаш започнало да се расипува. Сировото пилешко месо има киселкаст мирис и станува лигаво на површината кога ќе почне да се расипува.

Сирење
Рок на траење: една недела до два месеци

Сирењето е прилично стабилен производ. Меките и „миризливите сирења“ (крем сирењата, сините сирења и фета) се јадат во период од една недела. Тврдите сирења како чедар и пармезан се консумираат во период од два месеца.

Совет: кога ќе забележите мувла на мекото сирење, фрлете го. Ако мувлата е видлива, значи дека се проширила на целиот производ. Секако, тоа не е случај со синото сирење. Ако тврдото сирење фати мувла, отстранете ја и продолжете со јадење.

Related Posts with Thumbnails