wordpress counter

Храната и нејзиниот рок на траење (2 дел)

Во првиот дел го утврдивме рокот на траење на месото и сирењето. Во овој дел ќе се запознаеме со рокот на траење на додатоците на храната, варениот зеленчук и житните култури.

Додатоци на храна
Рок на траење: три месеци до една година

Кечапот може да се консумира од 8-12 месеци по отворањето, додека мајонезот и до 6 месеци. Сенфот ќе остане свеж до 8 месеци, а дресингот за салати е добро да не стои многу, иако најверојатно дека ќе можете да го консумирате во наредните 9 месеци.

Соја сосот има краток рок на траење во споредба со другите членови на оваа група. Три месеци е сосема доволно да се изеде една тегличка соја сос.

Џемовите и мармаладите можат да стојат и една година, па и повеќе. Затоа се познати и како конзерванси.

Совет: мувла, промена на боја, форма или текстура, се сигурен знак дека треба да се ослободите од тој додаток.

Варен зеленчук и житни култури
Варениот зеленчук има пократок рок на траење отколку свежиот. Ништо не треба да се чува повеќе од 2-3 дена.

Пастата, ако е добро спакувана (сад со капак), може да се јаде во текот на наредните 5 месеци. Супата треба да зафаќа место во фрижидерот максимум до три дена од правењето.

Оризот има нешто подолг рок на траење (околу 7 дена), но морате да бидете внимателни, затоа што труењето од ориз знае да биде многу мачно. Сите други каши, чорби и остатоци, се чуваат највеќе до една недела.

Совет: во овој случај, покрај мувлата и мирисот е одличен знак. Доколку храната не мириса како што е вообичаено – веднаш фрлете ја.

Related Posts with Thumbnails