wordpress counter

Како да ги чувате овошјето и зеленчукот

Во зима, купу­ваме повеќе овошје кое треба пра­ви­лно да го скла­ди­раме. Затоа, многу е важен начи­нот на кој го чуваме. Треба да вни­ма­ваме кои видови зелен­чук и овошје не се согласуваат.

ОВОШЈЕ
Ако оста­вите јабо­лко покрај банана, таа многу побргу ќе созрее и ќе поцрни. Слично ќе се случи со кивито, ман­гото и дињата. При­чи­ната лежи во состој­ката ети­лен, која ја содр­жат јабо­лката. Тоа е расти­те­лен хор­мон кој има важна улога во про­це­сот на ста­ре­ење и созревање.

ЗЕЛЕНЧУК
Важна е темпе­ра­ту­рата на која се чуваат овош­јето и зелен­чу­кот. Со пораст на темпе­ра­ту­рата, сите про­цеси се одви­ваат многу побргу. Спо­ред експер­тот за храна, про­фе­со­рот Банк­хо­фер, пипер­ките, кра­ста­ви­цата, тиквич­ките и дома­тите не треба да се купу­ваат во пого­леми коли­чини и да се оста­ваат во фри­жи­дер. Овие видови зелен­чук не сакаат сту­дено и во такви услови не ја раз­ви­ваат сво­јата спе­ци­фична арома.

Совет плус: Ако сакате да под­го­твите варен зелен­чук, тогаш немојте да го варите пре­до­лго, за да не ги загуби сво­ите свој­ства.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Совети