wordpress counter
Како да: Го поправите погрешно направениот сос
<img style=”margin: 5px 10px;” title=”СОС” src=”http://gurman.mk/wp/wp-content/uploads/2009/05/sos.jpg” alt=”СОС” width=”250″ height=”167″ />Добро подготвениот сос со прав изглед и структура едноставно се лепи за храната. Но, ако е редок, тогаш ќе се разлее по целата чинија. Ако пак, е премногу густ, ќе се создадат непријатни грутки. Ако гледате дека текстурата на сосот кој сте го подготвиле не е добра, еве неколку совети за негово штимање.
<span style=”color: #ff0000;”>РЕДОК СОС
Можете да го згуснете со некои намирници како што се пире, јогурт или јајца. Во комбинација со другите составни делови на сосот ќе можете да се решите што ќе искористите за да стане густ. Најдобро е во друг сад да подготвите од лекот и да додавате во помали количини, сѐ додека не успеете да го поправите сосот.
<span style=”color: #ff0000;”>ГУСТ СОС
Ако сосот е многу густ, тоа можело да се случи или од премногу варење или ако сте биле штедливи на течност при варењето. За да го разредите, користете вино, вода, сок или павлака. Секогаш првин обидете се со мала количина.
<span style=”color: #ff0000;”>СОС СО ГРУТКИ
Може да настане од премногу варење, малку течност или малку скробни состојки. Во ваков случај, мора да подготвите противотров за грутки. Најнапред обидете се да го процедите сосот низ сито. Ако не сакате да загубите од вкусот на сосот или од неговата количина, тогаш ставете го во блендер. Како последно, ако гостите се веќе пред вратата, тогаш можете да ги маскирате грутките со маслинки, печурки, зачини или јаткасти плодови. <span style=”color: #ff0000;”>●
Related Posts with Thumbnails