wordpress counter

КАКО ДА: ИЗБЕРЕТЕ КУЈНСКИ НОЖЕВИ

RoadFun (Flickr)Нема ништо поважно во приготвувањето на храната од добар избор на ножеви на работната маса за готвење. Најдобрите ножеви се скапи, но прифатливо добри ножеви може сè уште да си дозволи секој.

Ова се некои од најважните инструкции при изборот на најприкладен сет на кујнски ножеви:

1 Прво и основно, треба да знаете со каков интензитет ќе готвите. Ако не планирате да готвите често тогаш неколку пристојни ножеви ќе ви завршат голема работа. Ако кујната ви е омиленото место од домот, тогаш би било добро да инвестирате во поскап сет и така да спречите нервози пред да пристигнат гостите;

2 Пред да се одлучите, посетете повеќе производители на кујнска опрема или онлајн продавачи;

3 Секогаш барајте готварски или француски ножеви. Тие се широки кај основата, но постепено се стеснуваат кон врвот. Со нив може да се сече храната, да се сече тенко но и да се направи одрезок од месо;

4 Одберете нож со сечиво кое е долго помеѓу 20 и 25 сантиметри. Всушност, за разлика од постоечкото мислење дека помалите ножеви се полесни за користење, вистината е сосема спротивна. Подолгите ножеви ја прават работата полесна, бидејќи сечилото е подолго и ќе пресече поголема површина;

5 Барајте нож кој е направен од не’рѓосувачки челик. Ако го забележите поимот stainless-steel на сечивото од ножот, тоа значи дека можете да го ставите во кошницата за купување;

6 Покрај готварскиот нож ќе ви биде потребен и универзален (помошен) нож, со сечиво од околу 15 сантиметри, како и ноже за лупење со должина од 8-10 сантиметри;

7 Зголемете го вашиот сет на ножеви со нож со запци, за сечење леб или овошје. И да не заборавиме уште една важна работа – острачот на ножеви мора да биде составен дел од кујнскиот прибор;

8 За добар нож подгответе си барем 1.000 денари, а за поскапите помеѓу 5.000-6.000 денари.

Со овие неколку ножеви можете да ги завршите речиси сите кујнски задачи.

На што треба да внимавате при купувањето на ножеви:

1 Острината на сечилото. Таа е побитна и од цената;

2 Избегнувајте ножеви со запци, за кои ви кажуваат дека немаат потреба од острење;

3 Обратете внимание на кинеските сатари кои се нудат во последно време. Ако не се направени од некаков радиоактивен материјал, може да бидат солидна замена за готварските ножеви, особено за нежно сечкање на зеленчук, билки и меко месо.

Related Posts with Thumbnails