wordpress counter

Како да мерите состојки без помошни садови?

Оние наши читатели/ки кои често готват, знаат приближно колку е тешка одредена количина на брашно, сол, шеќер или некоја друга состојка. Оваа способност може да биде мошне практична, ако немате на располагање шолја или друг сад за мерење. Или едноставно не сакате да ги користите.

Ако сакате да се ослободите од тоа постојано мерење, тогаш подгответе ја работната површина. На неа ставете фолија и измерете само уште еднаш. Измерете колку се ¼, 1/3, ½, 1 шолја од некои од најважните состојки како што се брашно, шеќер, сол, ориз. Потоа истурете ги тие количини на фолијата.

Добро проучете ги количините. Потоа, одете уште еден чекор понапред. Видете како овие количини изгледаат во садовите кои најчесто ги корисите при готвење. Не мора сè да направите одеднаш. За некои состојки почекајте ја следната можност кога ќе готвите.

Мерењето може да го направите и со помош на дланките. Во просек, во една женска рака собира ¼ шолја од некој сув продукт. А со помош на таа ¼ може да измерите буквално сè. Истото можете да го направите и со мерката голема и мала лажица. Содржината истурете ја на фолија и запомнете колкаво количество е тоа.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нов алкохолен пијалак „Air“

На странските пазари се појави еден навистина необичен пијалак. Станува збор за „Air“, кој е мешавина од вода и водка....

Close