wordpress counter

КАКО ДА: НАПРАВИТЕ ЛЕД ОД ЦВЕЌИЊА

Reign (Flickr)Шарениот лед му дава свечен изглед на секој пијалак. Оваа едноставна постапка ќе ја дотера секоја пијачка или коктелче.

1 Исечете мали живописни цветови од вашата градина, од цвеќето на сосетката или од цветен пазар како најскапа варијанта. Нека бидат цветови од темјанушка, виола, лобелија или минијатурни рози. Ако веќе имате цвекиња во градината, но тие се со голем цвет, тогаш можете да искористите само едно цветче од него;

2 Наполнете го садот за лед до половина со вода и потоа оставете го во замрзнувач додека не се направи ледот;

3 Отворетет го садот и во секоја коцка за лед ставете по еден цвет;

4 Потоа дополнете го до врв со вода и оставете пак да се замрзне;

5 Потоа можете да го декорирате својот омилен пијалок со цветен лед и да ги оставите без здив сите ваши гости.

Related Posts with Thumbnails