wordpress counter

Како да сечкате кромид без солзи?

Речиси и да нема рецепт во кој нема кромид. Тој е есенцијална состојка на јадењата, која им дава навистина посебен вкус. Но, проблемот е во тоа што сечкањето на кромид е болна активност, која ви ги полни очите со солзи.

Причината е во испарувањето при сечкањето на кромидот, кое во допир со воздухот се претвора во сулфурна киселина, која ги иритира очите. Затоа, ви предлагаме неколку совети како тоа да го направите што побезболно:

• чувајте го кромидот во фрижидер барем половина час пред сечкањето. Испарувањето ќе биде многу помало ако кромидот е ладен.

• оставете ги краевите од кромидот за крај. Во нив се наоѓа најголема концентрација на сулфур и затоа најдобро е нив да ги исечкате на самиот крај.

• сечкајте го кромидот со многу остар нож. Брзи и остри движења помалку го стискаат плодот и на тој начин се намалува испарувањето. Со остриот нож побргу ќе ја завршите активноста и помалку време ќе бидете изложени на испарување.

• пред сечкање, отворете го прозорецот и запалете некоја миризлива свеќа. Пламенот од свеќата ќе го привлече испарувањето и на тоја начин ќе се намали количеството на киселина кое циркулира во воздухот.

Related Posts with Thumbnails