wordpress counter

Како да сварите добро кафе?

За да направите вистински добро кафе, потребно е да бидат исполнети неколку основни предуслови. Во оваа статија ќе споменеме 5 важни услови за да го направите најдоброто кафе.

Каде да се чува кафето?
Кафето мора да се чува на суво и ладно место, во сад кој не пропушта воздух. Важно е да купувате помала количина која брзо ќе ја потрошите.

Температура на водата
Кафето не смее да се „шокира“ со вода која врие. Доколку сакате турко кафе, во ѓезвето ставете студена вода, а на врвот, количина на кафе по желба. Оставете на оган додека кафето не започне да се подига. Доколку приготвувате „French press“, почекајте 15-тина секунди за водата која врие да се смири, а потоа прелијте ја преку кафето.

Тврдост на водата
Колку водата е потврда, толку кафето е полошо. Поради тоа, професионалните машини за кафе имаат вградено филтри за вода, со што се регулира нејзината тврдост.

Колку кафе да корисите?
Количината кафе зависи од вашата желба. За турско кафе доволна е една лажица ситно мелено кафе. Такво кафе е потребно и за еспресо, додека за „French press“ треба да набавите покрупно мелено кафе.

Млеко
Најдобар избор е свежо и полномасно млеко.Трајното млеко го менува вкусот, а млекото со ниска масленост само го разводенува кафето.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како се јаде чоколадо?

Секако дека не постојат строги правила како се јаде чоколадо. Но како и кај сè друго, секогаш има подобар начин....

Close