wordpress counter

Како се прави домашен мајонез?

Кога се подготвува мајонезот во индустриски услови, многу лесно се контролираат киселоста, температурата и самите состојки. Сепак, кога мајонезот го приготвуваме во домашни услови, таа контрола е малку потешка.

За почеток, потребно е да се избере вистинскиот рецепт. Постојат мал милион за рецепти за овој додаток. Кој рецепт и да го одберете, најважна состојка е еумлгаторот, односно специјалните молекули од жолчките, пред сè белковини и лецитин.

Во приготвувањето на мајонезот значајни се жолчките затоа што тие ги спојуваат маслото и водата. Со мешање на состојките (масло, жолчки, сенф, оцет и лимонов сок) се добива хомогена смеса. Ако се гледа под микроскоп, ќе се забележи дека сите состојки не се комплетно измешани, туку честичките масло се распрскани по течната смеса која ја сочинуваат сенфот, оцетот и жолчките.

Во продолжение следи и еден наш рецепт за мајонез.

СОСТОЈКИ
● 1 жолчка
● 50 мл оцет
● 50 мл бело вино
● 80 мл маслиново масло
● малку сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад измешајте ги сите состојки освен маслото. Полека започнете да го додавате маслото и мешајте постојано и брзо. Веќе по неколку минути смесата треба да стане поцрвста и речиси бела. Тогаш мајонезот е подготвен за сервирање. Истото можете да го направите и со помош на миксер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Среќна нова 2013 година

Уште една нова година е пред нас. Нови 365 дена на надежи и желби. Денови исполнети со оптимизам, во кои...

Close