wordpress counter

Како се сервира сирење

Ако сте поканиле гости и планирате да ги послужите со сирење, тогаш потребно е да знаете како сирењето се служи правилно.

Основно правило е дека сирењето се служи без фолија и без амбалажа, а надворешниот слој не се отстранува. Парчињата сирење се редат на голема чинија во правец на движење на стрелките од часовникот.

Ако имате повеќе видови од овој млечен производ, секогаш редењето започнете го од оние со послаба арома, па сѐ до оние со најсилен вкус, кои се редат последни. Ако сирењето го чувате во фрижидер, тогаш најдобро е да го извадите најмалку еден час пред сервирањето, за да може аромата потполно да дојде до израз.

Ако послужите камемебер, рокфор, козјо сирење или некое друго тврдо сирење, во таков случај можете да комбинирате со ореви, крушки, грозје и ротквици.

Треба да знаете дека со консумацијата на сирење не треба да се претерува. Ако го служите како главно јадење, 200 гр е сосема доволно. Од друга страна, ако ги почитувате француската и италијанската традиција и сирењето го служите по оброкот, доволно е да сервирате околу 60-80 грама.

Related Posts with Thumbnails