wordpress counter

Кога пилешкото е навистина доволно печено?

Ќе се согласите дека нема речиси ништо повкусно од печено пилешко месо. Но, клучот на незаменливиот вкус лежи во неговото печење. Секако, секој рецепт има одредено време на печење, но треба да се има предвид и дека сите пилиња се со различна големина, а различна е и големината на рерната.

Но, ви претставуваме еден начин како да знаете дали пилето е добро испечено. Кога печењето ќе биде кон самиот крај, извадете го пилето од рерна и детално прегледајте го. Направете засек помеѓу карабатакот и градите од едната страна со помош на остар нож. Во тој момент би требало да истече бистар сок.

Засечете го местото кај зглобот и проверете дали има розова боја. Ако има, тогаш вратете го пилето во рерна уште 15-тина минути. Ако батакот лесно се одвојува, а бојата на месото е бела, тогаш пилето е подготвено за сервирање. Извадете го од рерната и оставете го да отстои 10-20 минути пред да го сечете и сервирате.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најскапите јагоди со шлаг на светот

Дали сте подготвени да платите 650 евра за порција на јагоди со шлаг? Еден бар во Манчестер се надева дека...

Close