wordpress counter

Која храна каде се чува (2 дел)

Во претходниот дел видовме која храна и кои плодови се чуваат во фрижидер, а кои од нив надвор од фрижидер. Сега, продолжуваме со организација на продуктите и храната во нивниот најголем пријател – фрижидерот.

Добро организнираниот фрижидер е клуч за лесно готвење и добар начин да внимавате на вашата исхрана. Тоа, подразбира месото и рибата да се сместат на најниската преграда од фрижидерот и подалеку од готвената храна. Групирајте ги млечните производи на еден рафт и истото направете го со сосовите.

Салататите и зеленчукот е најдобро да се чуваат во некоја од фиоките на фрижидерот. Додатоците на исхраната, како мајонез, сенф или кечап, добро е да бидат позиционирани близу, едно до друго.

Сирењата е потребно да бидат ставени во најтоплиот дел од фрижидерот, на самиот врв. Нека бидат складирани во пластични садови. Соковите, јогуртот и водата се чуваат на самата врата од фрижидерот.

Колку време да се чува сировата храна во фрижидер за да биде свежа?


Совет плус: храната за која знаете дека има многу масти и други „лоши“состојки, или нејзиното често консумирање ќе делува неповолно по вашето здравје, ставете ја во најнепристапните делови на фрижидерот. Така, кога ќе треба да извадите половина фрижидер надвор за да дојдете до неа, лесно ќе се откажете од нејзиното консумирање.

Related Posts with Thumbnails