wordpress counter

Мали тајни на големите готвачи

Светските готвачи често споделуваат дел од своите тајни во готвењето. Ние направивме еден мал список на такви тајни кои веруваме дека ќе ви помогнат кога ќе бидете во кујна.

Печени компири
Гордон Ремзи советува компирите да се наредат во сад за печење, да се посолат, да се стави шафран и да се прелијат со маслиново масло. Се печат 15 минути и според него, ќе бидат совршени.

Мисирка
Според Хестон Блументал ова празнично јадење (ако е околу 4 кг) треба да се пече барем 6 часа на 60 степени. После тоа, извадете ја мисирката на кратко од рерната. Загрејте на 250 степени и печете уште 10 минути на таа температура. Најџела Лосон вели дека ако не сакате толку долго време да поминете покрај шпоретот, тогаш мисирката печете ја завртена со градите надолу.

Свинско месо
Славната готвачка Најџела Лосон советува дека свинското месо треба добро да се намачка со рендан ѓумбир и малку цимет со што ќе добиете вистински специјалитет.

Јагнешко месо
Главниот совет за ова месо вели: за секој половина килограм месо – 20 минути печење. Ако го послушате овој совет, тогаш месото ќе биде розеникавао и доволно испечено. Ако сакате да биде попечено, оставете го во рерна дополнителни 20 минути. По печењето, оставете го надвор од рерна 15-тина минути. На тој начин ќе биде посочно и полесно за сечење.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Супер храна за 2013 година

Со новата година, секогаш посакуваме да промениме нешто во нашата исхрана и повеќе да вежбаме. Овој тип на одлуки не...

Close