wordpress counter

Масла за пржење

Маслиновото масло, сончогледовото, сусамовото и маслото од кикиритки се добиваат со ладно пресување. На тој начин, тие го задржуваат својот полн вкус и мирис, како и низа антиоксиданси кои имаат поволно дејство по нашето здравје.

Маслата добиени на ваков начин содржат незаситени масни киселини кои со загревање се распаѓаат. Колку е поголема концентрацијата на незаситени масни киселини, толку маслото е полошо за термичка обработка.

Маслиновото масло е стабилно на високи температури, бидејќи има висока концентрација на незаситени масни киселини. Сусамовото масло не треба да се употребува за никаква термичка обработка, бидејќи не само што се уништуваат масните киселини, туку и се создаваат штетни материи.

Ако сте расположени за пржена храна, тогаш најдобро е да се користат сончогледовото и маслото од тиква, а во некои случаи и маслото од репа, кое не се препорачува за салати и сосови бидејќи нема никаков вкус.

Related Posts with Thumbnails